Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Екипата на Црвен крст Охрид најдобра на Регионалниот натпревар по прва помош

Скопје/Охрид, 13. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – На Регионалниот натпревар по прва помош, кој се одржа вчера во Скопје, екипата на Црвен крст Охрид, во конкуренција на 16 екипи од северозападниот регион, го освои највисокото, прво место.

– Екипата по прва помош во состав: Кристијан Лошкоски, Ивана Котеска, Стефанија Битолкоска, Андреј Пуфтоски, Симона Новеска и Марио Ѓорески, ученици и претставници на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид, е победничка на 50-тиот Општински натпревар по прва помош кој се одржа во април годинава, информираат од Црвен крст Охрид.

Додаваат дека следуваат подготовки за Државниот натпревар по прва помош кој ќе се одржи во септември 2024 година.

– На екипата и честитаме за успехот, а воедно изразуваме голема благодарност до менторите вклучени во подготовката на екипата, волонтерите на Црвен крст Охрид (актери и шминкери на реални повреди) и до домаќинот на Регионалниот натпревар, Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Гази Баба, потенцираат од охридскиот Црвен крст. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука