Избор ОБРАЗОВАНИЕ ТОП ВЕСТИ

Учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ со забележителен успех на „Образовно рандеву МАССУМ 2024“

Охрид, 13. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Прво место за најдобар штанд и бројни пофалници за учениците од РЦСОО„Ванчо Питошески“ Охрид на Државниот натпревар „Образовно рандеву МАССУМ 2024“, што се одржа во Радовиш.

Во конкуренција од 32 стручни училишта, охридските ученици освоија прво место за најдобар штанд, а добија пофалници за за најдобар бенд и соло изведувач, видео реклама, најдобра фотографија, филм, веб страна, најдобра драмска претстава, поетска творба, постер, најдобар/ра пингпонгар/ка и најдобра екипа во баскет.

Ова е само продолжување на успесите што ученици од охридското средно стручно училиште ги постигнуваат низ годините на натпреварот „Образовно рандеву“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука