Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Десет нови смарт табли во ООУ „Св. Климент Охридски“ за целосно дигитализирана настава

Охрид, 13. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во насока на користење на иновативни методи и техники во наставата, ООУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид набави 10 смарт табли, вредни 390.000 денари.

Истите се со инвестирани средства од Општина Охрид, планирани во годишната развојната програма на училиштето.

– Со тоа училиштето стана и вистински образовен центар во кој учениците ќе можат да следат целосна дигитализирана настава, што ќе придонесе поголем квалитет и поголема мотивираност за вклучување на учениците во настава. Оваа дигитализација на училштето беше долгоочекувана желба на наставниот кадар и менаџментот на училиштето, така што веќе 90 проценти од училишните простории се комплетно дигитализирани. По завршувањето на денешната обука на наставниот кадар, наставните содржини ќе се реализираат исклучиво во дигитална форма. При што во наредниот период секој наставник ќе оддржува јавни часови со примена на дигитални соджини за интерактивна настава, информираат од ООУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука