Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Македонија во март ја посетиле над 40 илјади странски туристи, најбројни од Турција и Грција

Скопје/Охрид, 13. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во март годинава Република Македонија ја посетиле вкупно 58. 848 туристи, од кои 18.426 биле домашни, а 40.422 се странски туристи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на ноќевањата изнесува 114.615.

Во однос на структурата на странските туристи и овојпат најмногубројни биле Турците – 6.592, следуваат гостите од Грција – 5.214, од Србија – 3.784, од Бугарија – 3.386.

Во периодот јануари – март 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е
зголемен за 14.4 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 8.6 %, а кај странските има зголемување за
18 %.
Во анализираниот период зголемен е и бројот на ноќевањата за 14.8 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 14.2 %, а кај странските има зголемување за
15.3 %. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука