ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Авионот и понатаму останува „украс“ на охридскиот канал (Фото)

Охрид, 19. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Покрај стандардната глетка од кајчиња, помали бродови и глисери, охридскиот канал го „краси“ и авионот кој се наоѓа од десната страна, на делот кон Центарот за обука на вода на АРМ во Охрид, кој периодов се реновира во делот на сидриштето „Билјанини извори“.

Станува збор за постаро воено летало од типот North American F-86 Sabre, нарекуван и Sabrejet, кој порано ја красеше охридската касарна.

North American F-86 Sabre Fighter Jet | Military Machines

Дел од охридските нуркачи своевремено излегоа со предлог леталото да склопи, да се исчисти од сите масла и растворливи бои, надлежните институции и екологисти да го проверат дека е прифатливо за околината, и да се потопи на одредена локација на езерото за да се направи вештачка подводна атракција.

Вакви примери имаме повеќе во светот и сето тоа значително придонесло во развивањето на туризмот, посебно на нуркачкиот, кој секоја година е се` попопуларен во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука