Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Petra Genco: Вежба која жените над 40 години треба да ја прават секој ден

Охрид, 25. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Petra Genco е 56-годишен фитнес тренер, која редовно споделува корисни и едноставни вежби на TikTok за жени над 40 години кои не вежбале со години.

Овој пат таа сподели едноставна, но корисна вежба која ќе им помогне на жените да ги изгубат масните наслаги од делот на стомакот.

Станува збор за вежба за подигнување на колената. За нејзинот изведување потребно е да застанете пред маса или друг подигнат предмет на кој ќе ги потпрете рацете. Потоа се подигнува едната, па другата нога.

Вежбата се прави една минута, а потоа истата постапка се повторува уште четири пати. Оваа вежба, која Genco им ја препорачува на дамите да ја прават наутро, ќе им одземе само пет минути дневно.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука