Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Денешниот ден некогаш се одбележуваше како Ден на младоста: Видео од посетата на Тито на Охрид во 1967 година (Видео)

Охрид, 25. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Јосип Броз Тито, лидерот на поранешна Југославија, во периодот од 1945 година, па се’ до неговата смрт во 1980 година во повеќе наврати ја посети Македонија, а секако и Охрид и вилата „Билјана“, која своевремено беше една од тајните и официјални негови летни резиденции.

За време на  единаесеттата официјална посета која започнала на 20-ти октомври 1967 година со посета на Скопје, каде тој ја пушта во употреба Скопската железара и присуствува на ручекот што во ресторанот на новиот стопански гигант е приреден во негова чест.

Следниот ден, на 21-ви октомври, Тито остварува посета на Охрид, каде стигнува во доцните попладневни часови.

Официјалните податоци говорат дека на 22-ри октомври 1967 година, во Охрид тој се состанува со македонските раководители при што разговараат за актуелните општествено-економски прилики во Македонија.

Целата посета е детално документирана.

Денеска е 25-ти мај, некогаш Ден на младоста во поранешна Југославија и празник со кој се прославуваше роденденот на Јосип Броз Тито. На тој ден момчиња и девојки од целата држава ја носеа низ целата земја и му ја предаваа на Тито штафетата на младоста – своевиден симбол на посветеноста кон неговата оставнина. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука