Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Осумгодишно девојче од Охрид со тешка сколиоза транспортирано на операција во Истанбул

Скопје/Охрид, 27. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Осумгодишно неподвижно девојче од Охрид со тешка сколиоза, утрово беше транспортирано со хеликоптер од градската болница „8-ми Септември“ на операција во Истанбул, Турција.

Како што информираат, девојчето ќе биде транспортирано до спинален центар во Истанбул, каде треба да се изврши операцијата.

– Имаме протокол. Барањето за медицински хеликоптер се пушта до ЦУК на 112, после тоа барање се препраќа на одделот за воздухопловна единица при МВР. Oткако министерот на МВР одобри и потпише, се испраќа во Министерство за здравство. Министерот за здравство испраќа барање до директорот на ГОБ „8-ми Септември“ да формираме медицинска екипа за транспорт на пациент до определена дестинација со хеликоптерот. Тоа е е протоколот, наведуваат од болницата. (Крај)

извор: Фокус фото: Фокус

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука