Избор Македонија ТОП ВЕСТИ Хроника

Пукање на „Пластичарска“ во Скопје, загина едно, две лица се ранети

Скопје, 27. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Едно лице загина, а две се повредени во престрелката која се случила синоќа, по масовна тепачка на „Пластичарска“ во Скопје.

Неофицијално, во полицијата најпрво во 23:40 часот било пријавено дека на булевар „Никола Карев“ се случила престрелка во која има повредени лица. Во 23:45 часот било пријавено дека лицето Т.А. со повреди од огнено оружје е пренесено во ГОБ „Наум Одридски“.

Во 23:51 часот од Ургентен центар било пријавено дека кај нив се донесени две лица, исто така со повреди од огнено оружје. Станува збор за лицата О.Б. и А.И. од Скопје. Во 00:45 часот од Ургентен центар било пријавено дека лицето А.И. починало. Неофицијално станува збор за познат пејач. (Крај)

извор: ПлусИнфо фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука