ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

ЦУК: Успешно е транспортирано со хеликоптер 8-годишното девојче од Охрид до болницата „Медицински парк“ во Истанбул

Скопје/Охрид, 27. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска е реализиран хеликоптерски транспорт на осумгодишно дете до болницата „Медицински парк“ во Истанбул, Турција, заради операција на ‘рбетниот столб.

На 13-ти мај 2024 година, преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК), а потоа дополнително преку електронска пошта до Центарот за управување со кризи било упатено барање, од родителот на детето, за транспорт од Охрид до болницата во Истанбул.

– Лицето, конкретно детето коешто се транспортира со хеликоптер, имало проблем со моториката, не може самостојно да оди, не зборува и има голем степен на искривување на ‘рбетниот столб, повеќе од 80%. Заради наведените здравствени проблеми долготфајниот транспорт по земја е можно дополнително да се одрази негативно врз здравствената состојба на детето. Ако се земе предвид дека оваа операција на ‘рбетот спаѓал во тешки и ризични операции, а постоперативното опоравување е долгорочно и многу тешко, особено во таква состојба, констатиртрано е дека друг вид на транспорт со толкаво времетраење е многу ризичен и опасен по животот на девојчето, информираат од ЦУК.

По упатеното барање во Центарот, во координација помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство на барањето е позитивно одговорено, по што денеска се реализира транспортот на болното дете со хеликоптер на МВР, што се опремува со преносна медицинска опрема до Истанбул.

Од ЦУК информираат дека детето е веќе сместено во Медицинскиот центар во Истанбул, а хеликоптерот ќе се врати во базата во Скопје. (Крај)

извор: Скопје 1 фото: Скопје 1

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука