Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Шокаровски за „Локално“: Моето разрешување е спротивно на сите постоечки закони и Уставот

Скопје, 27. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сега веќе разрешениот директор на Клиниката за Кардиохирургија, Марјан Шокаровски се огласи по денешната прес-конференција на министерот за здравство, Илир Демири и соопштението дека се разрешува од функцијата.

Во краток разговор за „Локално“ вели дека неговата смена е противзаконска.

– Слушнав дека постојат наводи на министерот во заминување дека сакал да ме разреши што е спротивно на сите постоечки закони и уставот на Македонија. Имено изборниот законик е дециден дека до формирање на новата влада, техничкиот министер нема ниту такви овластувања ниту можност, дотолку повеќе тоа претставува кршење на законот. Се надевам институциите ќе се држат до почитување на постоечките закони, истакнува Шокаровски во одговорот.

Што се однесува до, како што вели, гнасните лаги и клевети околу наводите за зголемена смртност на Кардиохирургија, со што сакаат да се уништи една од најдобрите и најуспешни приказни во јавното здравство, „јас и стручниот колегиум на Клиниката во тек на наредните денови ќе излеземе со официјален демант и точни резултати околу невистините кои периодов беа лиферувани во јавноста“, истакнува Шокаровски во реакцијата.

Комплетната информација ОВДЕ. (Крај)

извор: локално.мк фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука