Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Верижен судир на патниот правец Дебар-Маврово, тешко повредена жена пренесена во охридската болница „Св. Еразмо“

Дебар/Охрид, 27. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Попладнево кај селото Долно Косоврасти, на патниот правец Дебар-Маврово, се случил верижен судир на три возила во кој потешко е повредено едно лице.

– Сообраќајната несреќа се случила во 14:45 часот кога дошло до судир на две патнички и едно комби возило. Во несреќата повредена е жена од Гостивар, на возраст од 50 години, која управувала со патничко моторно возило марка „Форд“. Други повредени лица нема, изјавија за МИА од дебарската полиција.

Според Јетлумт Пашоли, директор на дебарската Општа болница, повредената била згрижена во оваа установа, по што била препратена за понатамошен третман во Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.

Извршен е увид од страна на екипа на Полициската станица за безбедност во сообраќајот при ОВР Дебар. (Крај)

извор: МИА/ПлусИнфо фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука