Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Жители на улицата „Климентов универзитет“ укажуваат на опасноста од полуразурната куќа: Може да падне и да повреди некого

Охрид, 28. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Жители на улицата „Климентов универзитет“ во стариот дел на Охрид, преку допис до нашата редакција реагираат на опасноста од стара куќа која е полуурната за жителите на овој дел на градот.

– Некој ден ќе падне и може да повреди некого. Децата од тука одат на училиште, поминуваат многу жители и гости, стои во реакцијата.

Тие апелираат до сопствениците да се среди објектот за да не дојде до несакани последици. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука