ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Минатата година во Охрид дипломирале 166 студенти

Охрид, 28. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – На високообразовните установи во Охрид во текот на 2023 година дипломирале 166 студенти запишани на додипломски студии.

Според податоците на Државниот завод за статистика, на Факултетот за туризам и угостителство дипломирале 109 студенти, од нив 94 редовни и 15 вонредни.

На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св.Апостол Павле“ дипломирале вкупно 57, сите редовни студенти. Од нив најмногу дипломци имало на Факултетот за компјутерски науки и инженерство.

На државно ниво во 2023 година дипломирале 7.422 студенти на додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите, што претставува намалување за 0.81 % во споредба со 2022 година.

Од вкупниот број дипломирани студенти, 6.043, односно 81.4 % се редовни, а 1 379, односно 18.6 % се вонредни
студенти. 64.8 % се дипломирани студентки.

Од вкупниот број студенти, 37 % дипломирале во рокот, додека 63 % дипломирале по рокот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука