Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Во Охрид денес сончево време со умерена облачност, услови за локален дожд попладне и температура до 21. степени

Охрид, 29. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и појава на град.

UV индексот ќе биде 6, а максималната температура ќе се искачи до 21. степени.

– До четврток, претежно во попладневните часови ќе има повремен пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Постабилно време се очекува од петок, а дневната температура ќе биде во значителен пораст и на повеќе места ќе биде над 30 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука