Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Охридски борци во Бразилско Џиу Џицу се вратија со четири медали од Меѓународното првенство ADCC Macedonia Open

Охрид, 3. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридските борци во Бразилско Џиу Џицу викендов учествуваа на отвореното интернационално првенство ADCC Macedonia Open, што се одржа во Скопје и постигнаа забележителен успех.

Се вратија со два златни и два бронзени медали. Герасим Колевски и Дамјан Смилески освоија злато, додека Лука Колевски и Лазар Ќулукоски освоија бронза.

– Дел од нашите натпреварувачи за влакно не успеаа да направат подобар пласман, но сите покажаа добра техничка и кондициска подготвеност, што секако ќе се подобрува во иднина, велат од охридскиот клуб „The Strongest“.

На ова натпреварување учество зедоа над 200 борци од 19 земји од светот, вклучително и борци од САД, Канада, Казакстан, од повеќе европски земји и секако нашето балканско опкружување. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука