Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Во вчерашната сообраќајка на магистралниот пат Охрид-Ресен повредени две лица

Охрид, 5. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 4-ти јуни 2024 година, во 07:20 часот, кај тунелот на магистралниот пат Охрид-Ресен се случила сообраќајна несреќа во која се повредени две лица.

– Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од страна на 67-годишно лице од Битола и патничко возило „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 56-годишно лице од охридското село Требеништа. Во несреќата, возачот на охридското возило се здобил со тешки телесни повреди, додека негов сопатник се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото изврши екипа на СВР Охрид, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука