ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Се зборува на Facebook: Минатата година во Охрид работеле 150 фирми без ниту еден вработен

Охрид, 6. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Информацијата дека минатата година во Охрид работеле 150 фирми без ниту еден вработен, е помеѓу најкоментираните деновиве на нашиот Facebook профилот на OhridPress.

Охрид и Струга се меѓу 10-те градови во државата каде работеле фирми со ниту еден вработен, а кои вкупно на ниво на државата свртеле неверојатни 42 милиони евра.

Во Охрид минатата година работеле 150 вакви компании, а во соседна Струга со 48. На врвот е Скопје со 791 фирма, а на второ место е Охрид, пред Битола каде се регистрирани 109 фирми со нула вработени.

Читателите на OhridPress во коментарите посочуваат дека треба да се почитува законот и дека мора да се има еднакви аршини за сите компании во државата. Додаваат дека висината на средствата кои се вртат во овие компании на ниво на држава покажува дека мора да се зголемат контролите и да се тави ред во секоја дејност. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука