Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајна незгода на кружниот тек пред хотел „Монтенегрин“, полесно повреден велосипедист (Фото)

Охрид, 6. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска, нешто по 14:00 часот, на кружниот тек пред хотел „Монтенегрин“, на булевар „Туристичка“ во Охрид се случи сообраќајна незгода.

Во незгодата учествуваше моторно возило кое, од до овој момент непознати причини, удрило во велосипед кој се движел по кружниот тек. Неофицијално, лицето на велосипедот се здобило со полесни повреди.

Екипи на СВР Охрид извршија увид и најавија повеќе детали во текот на утрешниот ден. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука