Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Во Пештани приведено лице од Холандија кое се однесувало агресивно и се обидело физички да нападне полициски службеник

Охрид, 6. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 5-ти јуни 2024 година, во 21:45 часот во охридското село Пештани, полициски службеници од СВР Охрид – Полициска канцеларија Пештани, лишија од слобода 31-годишно лице од Холандија.

– Тој се однесувал агресивно кон медицински лица од Итната медицинска помош од Охрид и оштетил дел од опремата на амбулантното возило, по што се обидел физички да нападне полициски службеник кој преземал службени дејствија. Против него е поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука