Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Тамара Зенгоска од ООУ „Ванчо Николески“ освои трета награда на државниот натпревар по македонски јазик

Охрид, 6. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Ученичката Тамара Зенгоска од ООУ „Ванчо Николески“ од Охрид  освои трета награда на државниот натпревар по македонски јазик кој неодамна се одржа во Скопје.

– На државниот натпревар по македонски јазик што се одржа на 1. јуни 2024 година на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, нашата ученичка Тамара Зенгоска од VII-a одделение под менторство на наставничката Елизабета Велјаноска, освои трета награда. На ученичката Тамара и нејзиниот ментор им го честитаме успехот, со желба за поголеми успеси во иднина, порачуваат од училиштето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука