Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Со мали промени во навиките до поздраво срце

Охрид, 15. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Исклучително е важно да се грижите за здравјето на вашето срце, бидејќи кардиоваскуларните болести се една од водечките причини за смрт во светот, покажуваат резултатите од истражувањата на Светската здравствена организација (СЗО).

Некои од факторите кои влијаат на здравјето на срцето не можеме да ги контролираме како што се генетиката и возраста, но други, како што се исхраната и начинот на живот, секако можеме и треба да ги контролираме.

– Ако започнеме мали промени кои ќе бидат одржливи, здравјето на срцето може да се подобри, потенцира кардиологот д-р Nicholas Ruthmann.

Според д-р Carl Cameron промените во животниот стил треба да се гледаат како превентивни мерки за намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести.

– Подобрувањето на здравјето на срцето не се случува преку ноќ, но преземањето на одредени чекори веднаш може да помогне во подобрувањето на здравствените резултати, додава д-р Cameron.

Од промени во исхраната до совети за управување со стресот, еве неколку чекори, препорачани од докторите.

– Престани да пушиш веднаш,
– Започнете здраво да се храните,
– Вежбајте повеќе,
– Спијте повеќе,
– Контролирајте го вашиот крвен притисок (вежбање околу 30 минути на ден, пет дена во неделата, непушење, исхрана здрава за срцето, одржување на ниско ниво на стрес и одржување на здрава тежина ќе го одржи вашиот крвен притисок и шеќер во крвта под контрола),
– Намалете го нивото на стрес. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука