Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Денеска ќе се одржи третиот хуманитарен турнир Street Basket 3х3 „Од деца за деца“

Охрид, 8. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во просториите на игралиштето на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид, денеска ќе се одржи Третиот хуманитарен турнир Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2024.

– Oва е трет ваков хуманитарен турнир кој прераснува во една убава традиција, како одлична можност за децата на возраст од 9 до 15 години од Охрид и пошироко, да се дружат, спортуваат и го развиваат хуманитарниот дух. Турнирот ќе се игра на 8-ми јуни на игралиштето на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, во систем по групи, а потоа ќе следи вкрстување и нокаут рунда. На турнирот ќе настапуваат деца од три категории и тоа: прва категорија за деца до 9 годишна возраст, втора категорија од 10-11 годишна возраст, трета категорија за деца од 12-13 годишна возраст и четврта категорија за деца од 14-15 годишна возраст. Сите заинтересирани треба да состават своја екипа од три лица, во која можат да учествуваат машки и женски екипи или екипи со мешан состав, без никаков надомест, информираат организаторите.

Собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели и традиционално во Центарот за аутизам во Охрид. За најуспешните три екипи се обезбедени вредни награди од главниот покровител на настанот, а секој учесник ќе добие капа и маичка. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука