Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Тешка сообраќајна незгода на булевар „Железничка“ (Фото)

Охрид, 10. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Тешка сообраќајна незгода се случи денеска, околу 12:00 часот, на булевар „Железничка“ во Охрид.

Според првичните информации, незгодата се случила на потегот кај пресекот со улицата „Абас Емин“, а во истата учествувале такси возило и мотоцикл. Неофицијално, во сообраќајната незгода е повредено најмалку едно лице и е причинета поголема материјална штета.

Од СВР Охрид за Супер радио и OhridPress го потврдија настанот и најавија повеќе детали во текот на утрешниот ден. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука