Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

СВР Охрид: Во незгодата на „Железничка“ повреден е возачот на мотоциклот, пренесен е во болницата „Св. Еразмо“ (Фото)

Охрид, 10. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – На булевар „Железничка“ денеска се случи сообраќајна незгода помеѓу скутер и патничко возило. Со повреди се здобил возачот на скутерот и е пренесен во болницата „Св. Еразмо“, информираат од СВР Охрид.

– Со повреди се здобил возачот на скутерот и е пренесен во болницата „Св. Еразмо“. Првично се работи за лесни телесни повреди, но сепак да се остави да се види состојбата по спроведување на неопходните медицински испитувања, информираат за Супер радио и OhridPress од СВР Охрид.

Последните сообраќајни незгоди деновиве, уште еднаш го враќаат во центарот на вниманието овој проблем, кој како да станува секојдневие. Се поставува прашањето дали доволно ги почитуваме правилата, имаме ли сообраќајници кои одговараат на годината во која живееме и средствата кои сите заедно ги издвојуваме? Одговорите на овие прашања ги знаеме сите, а ако на тоа се додаде и состојбата во која се наоѓа и најважната сообраќајница, односно патниот правец од Скопје кон Охрид преку Кичево, доаѓаме и до одговорот на бројката на сообраќајни незгоди кои се случуваат скоро секојдневно. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука