Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајна незгода на пресекот од „Железничка“ со „Абас Емин“, повредени две лица

Охрид, 11. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 10-ти јуни 2024 година, во 11:55 часот, на пресекот од улиците „Железничка“ со „Абас Емин“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа во која се повредени две лица.

– Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 70-годишно лице и мотоцикл „БМВ“ со охридски регистарски ознаки, управуван од страна на 21 годишно лице, двајцата од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и неговата сопатничка, 61-годишна жена од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ Охрид. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука