Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

ДЗС: Во 2023 година се изградени 2.331 станови вредни над 13,7 милијарди денари, Охрид доби 147 нови станови во индивидуална и 140 во режија на деловни субјекти

Скопје/Охрид, 13. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), во текот на 2023 година, индивидуални сопственици извршиле градежни работи во вредност од 13.763.912 илјади денари.

– Во текот на 2023 година се градени вкупно 2.020 објекти и завршен е вкупно 2.331 стан со вкупна површина од 299.224 м2, од кои 67 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 7.196 м2. Просечната корисна површина на завршените станови е 128.4 м2. По региони, најмногу се градеше во Полошкиот Регион, потоа во Скопскиот, Југозападниот, информираат од Државниот завод за статистика.

Според истиот извор, во 2023 година во Охрид се завршени 73 градежни објекти за домување, градени во индивидуална режија. Завршени се 147 станови со вкупна површина од 11.185 м2. Во режија на деловни субјекти изградени се 157 објекти со завршени 140 станови.

Интересна анализа на оваа тема неодамна објави и порталот економски.мк. Во истата се наведува дека во Охрид се празни 17.820 станови, што е повеќе од половина од вкупно изградените 33.660 станови. (Крај)

извор: ОхридПрес/ДЗС фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука