Избор Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Достојно одбележан големиот празник Спасовден во манастирот „Св. Спас“ во Горно Лакочереј (Фото)

Охрид, 13. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – И годинава достојно беше прославен големиот празник Спасовден во манастирот „Св. Спас“ во Горно Лакочереј.

Бројни верници и годинава запалија свеќи за здравје, среќа и успех. Традиционално, секоја година, на овој празник присуствуваат не само локалните жители, туку и посетители од други места од охридскиот регион.

Прекрасниот манастир „Св. Спас“ во Горно Лакочереј се наоѓа во преубав дел од градот, на околу 4 километри југоисточно од самото село. Над самиот влез од манастирот, во 1986 година, изградена е камбанарија. Со залагањето на манастирскиот одбор, обновени се и конаците. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Жанко ЗШ Голабоски

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука