Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Две лица на возраст од 54 и 73 години нападнати од куче домашен миленик на улицата „Серафим Китаноски“

Охрид, 15. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 14-ти јуни 2024 година, во 20:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Серафим Китаноски“ во Охрид, две лица на возраст од 54 и 73 години од Охрид биле нападнати од куче домашен миленик.

– По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука