ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

ЦУК: Две лица загинаа по излетување на патничко возило во провалија на Галичица

Охрид, 17. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Две лица загинаа откако со возило излетале во провалија на планината Галичица. Од Центарот за управување со кризи вечерва информираат дека возилото е лоцирано кај местото викано „Превој“.

– Возилото е паднато во провалија на околу 100 до 200 метри длабочина од регионалниот пат Трпејца-Преспа што води преку Националниот парк „Галичица“, велат од ЦУК потенцирајќи дека според екипите што се на терен на местото на настанот починатите лица се на постара возраст.

Екипа на СВР Охрид и Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид се на терен и по направениот увид, продолжуваат со извлекување на настраданите и на возилото од провалијата. (Крај)

извор: ЦУК фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука