ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Патничко возило излета од патот Трпејца-Преспа преку Галичица, неофицијално загинале две лица

Охрид, 17. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Патничко моторно возило излетало од патниот правец Трпејца-Преспа, преку Националниот парк „Галичица“.

Според првичните информации од планинската спасителна служба при Црвениот крст Охрид, во несреќата која се случила попладнево, две лица го загубиле животот.

Екипи на полицијата се упатиле кон местото на несреќата и се очекуваат повеќе детали. (Крај)

извор: Охрид 1 фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука