Свет

Во Јапонија евакурани 210 000 лица поради тајфунот Кило

Токио, 8. септември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Властите во Јапонија препорачаа да се евакуираат над 210 000 лица поради опасност од поплави.

Поради поројните дождови таму е можно да се прелеат реките кои минуваат низ централната префектура Сидзуока. Метеоролишката станица во Јапонија објави црвен код за градовите Ивата и Мори, а специјалисти предупредуваат и за можни свлечишта.

Обилните дождови се придружени со силни ветрови, како резултат од приближување на тајфунот “Кило” и тропскиот циклон “Атау”. (Крај)

извор: AP фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука