Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Оваа сабота Охрид домаќин на четвртиот Меѓународен таеквондо ИТФ натпревар „Ohrid Open 2024“

Охрид, 18. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Оваа сабота, 22-ри јуни во спортската сала „Билјанини извори“ ќе се одржи четвртото издание на Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Ohrid Open 2024“.

Организатор е Македонската традиционална таеквондо федерација и таеквондо клуботот „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец.

– Генерален спонзор е „ПН Метал“, а настанот е поддржан од Општина Охрид и Агенцијата за млади и спорт, информира претседателот на федерацијата Марјанчо Лазаревски.

Оваа година учеството на „Ohrid Open 2024“ веќе го имаат најавено повеќе земји и натпреварувачи од претходните години, со што натпреварот веќе прераснува во еден од поквалитетните во регионот (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука