Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Вината Temjanika и Chardonnay на Винарија Охрид ги освоија сребрениот и бронзениот медал на Balkans International Wine Competition and Festival во Турција и Бугарија

Охрид, 18. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Вината Temjanika и Chardonnay, двете од 2023 година, на Винарија Охрид ги освоија сребрениот и бронзениот медал во категоријата бели вина на 13-тиот Balkans International Wine Competition and Festival, што се одржа оваа година во две држави – Турција и Бугарија.

Виното Temjanika освои 85, а Chardonnay 83 поени, секое во својата категорија.

Во силна винска конкуренција со над 1.200 вински етикети презентирани од винариите на 16 држави учеснички, македонските винарии освоија вкупно 162 награди.

Трофеј за органско вино освои Винарија Брзанов, Винаријата Лазар освои трофеј за домоделно бело, а трофеј за најдобро регионално вино освои Винарија Илиев. Дополнително македонските винарии на овој натпревар освоија 3 двојни злата, 47 златни медали, 69 сребрени медали и 40 бронзени медали.

Македонски семејни винарии и на овој вински натпревар се покажаа во одлично издание, оправдувајќи ја поддршката која во својот развој ја имаат од државата, освојувајќи 81 награда што е половина од вкупната бројка на наградени македонски вина. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука