Избор Македонија Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Атлетичарот Јован Стојоски за повеќе од половина секунда го подобри личниот рекорд на 400 метри со пречки

Марибор/Охрид, 19. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Откако на 13-ти мај го подобри, а претходно го собори државниот рекорд на 400 метри со пречки стар 44 години, атлетичарот на АК „Охрид“ Јован Стојоски успеа да го подобри резултатот.

На силниот Challenger атлетски митинг што се одржа во Марибор, Словенија, Стојоски патеката од 400 метри со пречки ја истрча за време од 52,33, што е личен рекорд за него, и му го донесе 4. место. Тој беше побрз за повеќе од половина секунда од неговото претходно најдобро време.

Стојоски е носител на 9 државни рекорди. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука