Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Прашина од Сахара повторно во Охрид, мерните станици покажуваат зголемена концетрација на ПМ10 честички

Охрид, 20. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Нов облак од прашина и песок од Сахара денеска беше регистрирана во поширокиот регион на Охрид.

Мерните станици за загаден воздух денеска покажуваа зголемена вредност на загаденост и концетрација на ПМ10 честички. Количината во воздухот е доволна за да може и визуелно да се забележи.

Овој феномен е се’ почест последните години, откако сахарска прашина доаѓа во регионот поради зголеменото опустинување во Сахара. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука