ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Планинската спасителна служба извлече повреден турист од Холандија во околината на селото Елшани

Охрид, 21. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Планинарска спасителна служба, вчера, во периодот од 13:40 до 15:00 часот, имала спасителна акција на територија на Општина Охрид.

– Извршено е извлекување на повредено лице – турист од Холандија, од околината на селото Елшани, кое имало скршеница на нога и е предадено на екипа од Итната медицинска помош од Охрид. Лицето е пренесено во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид на понатамошен третман, информираат од Регионалниот Центар за управување со кризи.

Од почетокот на 2024 година, Планинската спасителна служба (ПСС) при Црвен крст Охрид имала 18 интервенции, информира раководителот Антонио Додевски. За жал, последната интервенција на службата не можеше да ги спаси двете лица кои настрадаа на Галичица, што уште еднаш го отвора прашањето за тоа колку е безбеден патниот правец Охрид-Преспа преку превојот на Галичица. (Крај)

извор: ЦУК фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука