ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Зелениот појас на патот Охрид-Св. Наум, на потегот од Рача до „Св. Стефан“ обраснат со трева

Охрид, 21. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – И ова лето, зелениот појас на патниот правец Охрид-Св. Наум, на потегот од Рача до „Св. Стефан“, веќе традиционално, го дочека обраснат со трева.

Охрид е пред самиот почеток на сезоната, летото е веќе тука, графот е исполнет со гости, а одговорните и оваа година не стигнаа да го исчистат овој дел, кој е обраснат со висока трева и претставува исклучително лоша слика пред гостите.

Ова се повторува секоја година, а охриѓани апелираат до одговорните лица, истото да се среди во најкус можен рок, за оваа многу фреквентна сообраќајница, особено во летниот период да добие поубав лик.

Станува збор за единствениот патен правец кој води кон границата со Албанија.

– Срамота е гостите да го гледаат ова, коментираат охриѓани. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука