Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Браќата Боби и Жанко Мојсовски од Охрид добија инвестиција од холивидскиот издавач Snail Games USA за нивната видео игра Chasmal Fear

Охрид, 22. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Браќата Боби и Жанко Мојсовски се основачи на Мистив Дев, инди студио за изработка на компјутерски видео игри лоцирано во Охрид, од каде управуваат со глобален бизнис. Повеќе од 14 години, тие заедно развиваат видео игри.

Неодамна тие добија инвестиција од светски познатиот издавач на видео игри Snail Games USA за развој и лансирање на нивната најнова игра Chasmal Fear. Тоа беше повод да разговараме со Боби Мојсовски кој ни раслажа за нивните почетоци, за успесите, но и идните планови на охридската команија за развој на светски успешни видео игри.

Речиси сите работи кои ги знаеме за изработката на видео игри се стекнати од сопствена упорност, учење, барање на материјал за напредок и подобрување на вештините. Отсекогаш сме верувале дека се што можеш да замислиш, можеш и да постигнеш, особено во 21 век кога се е достапно на интернет. Потребно е само упорност, волја за учење, паметно работење и решавање на проблемите без разлика на се’.

Најнов продукт е Chasmal Fear, компјутерска игра од жанрот хорор акција која се гради во Unreal Engine 5 од перспективата на GoPro (bodycam) камера. Според нивните статистики, оваа игра е моментално нивниот најуспешен продукт и еден чекор погоре од се друго што изработиле.

Комплетната информација ОВДЕ. (Крај)

извор: inovativnost.mk фото: inovativnost.mk

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука