Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Д-р Марјан Шокаровски вратен на позицијата медицински директор на Клиниката за кардиохиругија

Скопје, 24. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Минисерот за здравството, Арбен Таравари денеска потврди дека доктор Марјан Шокаровски е вратен на позицијата медицински директор на Клиниката за кардиохиругија.

– Јас мислам дека правилно постапила по тоа што укажала Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) и го вратила стариот директор. Јас мислам дека одлуката е во ред. Ќе видиме во периодот понатаму можеби ќе назначиме нови директори секаде, рече Таравари на новинарско прашање.

Д-р Илир Демири, кој беше министер за здравство пред Таравари го разреши Шокаровски, според него, поради две причини. Рече дека имало 170 пациенти кои не се внесени регуларно во „Мој термин“ и немаат отпусно писмо или прилог кон умреница. Другата причина за разрешување, според Демири, се крајно нарушените меѓучовечки односи во таа институција.

Антикорупциска комисија одлучи дека разрешувањето на Шокаровски е незаконско и дека се прекршени Законот за спречување корупција и Законот за здравствена заштита.

Шокаровски беше поставен за директор на Клиниката откако претходниот министер Фатмир Меџити го разреши долгогодишниот директор на Кардиохирургија Сашко Јовев. (Крај)

извор: Либертас.мк фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука