Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Оваа храна го подобрува животот, помага при слабеење и штити од болести

Охрид, 5. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Не е тајна дека влакната се исклучително здрави. Освен што помагаат во спречување на рак и кардиоваскуларни болести, тие се способни за себе да ги врзат нездравите материи кои се присутни во храната.

Според лекарите, најдобро за телото е да се јадат круши, тиква, сливи, лук, аспарагус, зелка, спанаќ и семки од лен. Сите наведени намирници се богати со растителни влакна, а нивното дејство прво ќе го почувствуваме преку подобрено варење.

Според последните истражувања, на жените им требаат 25 грама влакна дневно, што е еквивалентно на седум јаболка или 12 чаши брокула. На мажите им се препорачуваат 38 грама влакна дневно.

Влакната помагаат и во губење на тежината

Влакната се варат побавно, па ќе ве држат сити подолго време. Колку сте посити и позадоволни после оброк, толку е помала веројатноста да дојдете во искушение да посегнете по нездрави закуски. Дополнително, овошјето, зеленчукот и интегралните житарки се богати со влакна, односно групи на храна кои се дел од здравиот план за исхрана.

Не претерувајте

Ако внесувате премногу влакна, може да страдате од надуеност и проблеми со варењето. Ако вообичаено не консумирате премногу влакна, кога ќе одлучите да ги вклучите во вашата исхрана, правете го тоа постепено и следете како се чувствувате. Се разбира, пијте многу вода за да ги олесните стомачните тегоби од зголемувањето на дневниот внес на влакна. (Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука