Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Две генерации посветена работа: Адвокатската канцеларија „Карали“ од Охрид одбележа 30 години успешна работа

Охрид, 5. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 1. јули 2024 година, Адвокатската канцеларија „Карали“ од Охрид, одбележа 30 години успешна работа.

По повод 30 годишниот јубилеј беше организирана посета на Европското патентентно биро во Берлин каде се остварија контакти, а со цел унапредување на соработката на полето на заштитата на Интелектуалната сопственост, за што „Карали“ е овластена канцеларија.

Оваа канцеларија ја започнува својата работа на 1. јули 1994 година, кога нејзиниот основач, познатиот охридски адвокат Сотир Карали отвора канцеларија во Охрид од каде започнува адвокатска дејност.

Со текот на годините канцеларијата се профилира како специјализирана канцеларија за цивилно право, и во делокругот на своето работење опфаќа низа предмети од областа на стопанското право и заштита на работничките права.

Во 1999 година, во канцеларијата се приклучува и адвокатот Александар Карали, како приправник и стручен сорабпотник, а во 2002 година се стекнува со лиценца за адвокат, станува соосновач и започнува со активна адвокатска дејност.

Со новите предизвици и промени во начинот на водење бизнис и технолошкиот напредок во IT секторот, се наметна и нов начин на работа и практицирање на правото за која цел адвокатот Александар Карали, се стекнува со овластување за застапник за интелектуална сопственост со што канцеларијата започнува да пружа правна помош за заштита на правата од Интелектуалната сопственост, како авторското право и правото на индустриска сопственост.

Во својот богат историјат оваа реномирана канцеларија застапувала голем број клиенти, како домашни така и странски, пред сите судови, државни органи и институции на територија на државата, а и надвор. Успешно водела и завршила повеќе предмети пред Судот во Стразбур. Во адвокатската канцеларија за изминативе 30 години работеле приправници, стручни соработници и адвокати кои денес имаат свои канцеларии или започнале кариери во правосудните органи.

– Најважно од се’ е што традицијата продолжува и во третата генерација, која моментално се образува во странство со надеж дека еден ден ќе го продожи патот на дедото и таткото. Рецептот за успех во адвокатурата е посветена работа, искреност и континуирана стручна наобразба со што се постигнуваат подобри резултати, долг век на траење и задоволни клиенти. Со надеж за понатамошна успешна работа и нови јубилеи, порачуваат од Адвокатската канцеларија „Карали“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: приватна архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука