Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

За 18 години наплатиле речиси 2 милијарди евра долгови, само лани 160 милиони: Во Охрид работат четири извршители

Скопје/Охрид, 26. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Само минатата година извршителите присилно наплатиле неверојатни 160 милиони евра, што е втор најголем износ во нивната 18-годишна кариера, по 2017 година, кога со наплатата надминале 166 милиони евра.

Порталот Пари во анализата наведува дека минатата година работеле 93 извршители со 327 вработени, а бројот на вкупно примените барања за извршување во извршителските канцеларии изнесувал 170.325. Тие во полза на државата, од правни и физички лица, наплатиле вкупен износ од над 90,3 милиони евра.

Според истиот извор, откако е формирана Комората на извршители во 2006 година, за 18 години се наплатиле безмалку 2 милијарди евра.

Податоците покажуваат дека имаат и низок процент на реализација, па така од 1.993.277 барања за присилна наплата преку извршител, реализрани се само 758.352.

Според официјалната веб страна на Коморатата на извршители на Република Македонија, на подрачјето на Основен суд Охрид, Основен суд Струга и Основен суд Дебар работат четири извршители: Слободанка Колоска, Тасески Станислав, Џутеска Гордана и Дејан Костовски. (Крај)

извор: pari.com.mk фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука