Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

„Богат“ билтен на СВР Охрид: Физички нападнат млад охриѓанец, жена касната од куче скитник, кокаин и марихуана пронајдени во објект на улицата „130“…

Охрид, 26. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Билтен на СВР Охрид носи информации за повеќе настани случени периодов во Охрид: физички нападнат млад охриѓанец, жена касната од куче скитник, кокаин и марихуана пронајдени во објект на улицата „130“…

На 25-ти јуни 2024 година, во 15:45 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, на 24-ти јуни 2024 година, околу 03:30 часот, пред ноќен клуб на булеварот „Железничка“ во Охрид, едно лице физички нападнало 21-годишник од Охрид.

– Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот по што ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 25-ти јуни 2024 година, во 14:00 часот во СВР Охрид, 31-годишна жена од Битола, пријавила дека на локален пат во близина на охридското село Љубаништа, била касната од куче скитник.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица од Охрид на возраст од 24 и 25 години, како и против 24-годишно лице од охридското село Куратица, поради постоење основи на сомнение дека сите заедно сториле кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, едно лице сторило и кривичното дело „Спречување на докажување“.

На 14-ти јуни 2024 година во 21:55 часот, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, на улицата „130“ во Охрид, извршија преглед во помошен објект што го користел охриѓанец и притоа пронајдоа предмети со траги како и опаковки со кокаин и марихуана што претходно ја набавиле две лица наменети за натамошна препродажба на наркозависници. При прегледот, едно од лицата се обидело да уништи дел од пронајдените опаковки. Тројцата беа лишени од слобода, а судија на претходна постапка им изрече мерка притвор во траење од 30 дена. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука