Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: За ова овошје можеби не сте слушнале, но значително ги намалува триглицеридите и холестеролот

Охрид, 19. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Помело е голем азиски цитрус, тесно поврзан со грејпфрутот. Иако денес може да се најде во некои од подобро снабдените продавници, многу луѓе воопшто не слушнале за него. Ова дефинитивно треба да се промени бидејќи содржи неколку витамини, минерали и антиоксиданси кои го прават здрав додаток во исхраната.

Едно излупено помело, тешко околу 610 грама, содржи 231 калории, пет грама протеини, 0 грама масти, 59 грама јаглени хидрати, шест грама влакна и дури 412 отсто од препорачаниот дневен внес на витамин Ц. Исто така, има и рибофлавин тиамин, бакар и калиум.

Според едно истражување, консумацијата на помело го намалила нивото на триглицериди за околу 20 отсто, додека нивото на лошиот холестерол се намалило за шест отсто. Ова докажува дека се работи за овошје кое е исклучително здраво за срцето.

Како и секое овошје, помело во голема мера ќе му помогне на телото да ги елиминира токсините бидејќи содржи многу влакна.

Помелото е многу богато со витамин Ц, што значи дека е моќен антиоксиданс. Антиоксидансите, вклучувајќи го и витаминот Ц, можат да спречат оштетување на кожата предизвикано од штетните слободни радикали и на тој начин да помогнат во одржувањето на младешкиот изглед. (Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука