Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Во Охрид денес сончево и многу топло време со умерена облачност и температура до 32. степени

Охрид, 1. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

UV индексот ќе биде 9, а максималната температура ќе се искачи до 32. степени.

– Денеска ќе се задржи сончево и многу топло време со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Во текот на ноќта кон вторник и во вторник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер и град. Потоа во среда и во четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука