Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, на „Табановце“ и „Богородица“ за влез се чека околу 30 минути

Охрид, 1. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин „Табановце“ времето на чекање за влез во државата изнесува околу 30 минути. На граничниот премин „Богородица“ времето на чекање за излез од државата изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

Сезонски режим на сообраќај:

Патниот правец Охрид-Ресен преку Националниот парк „Галичица“, од 1. април 2024 година е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3,5 тони.

Работи на пат во регионот:

На патниот правец Кичево-Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа се препорачува строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.

Oд 24-ти октомври 2023 година се започна реконструкцијата на регионалниот пат 1301 (Охрид-Свети Наум). Сообраќајот ќе се одвива непречено и ќе биде регулиран со содветна сообраќајна сигнализација.

Корисни информации:

Сообраќајни прописи во Република Македонија
Патарини во Република Македонија
Видео камери
Информации за патување во странство
Патарини во Европа
Цени на горива (Крај)

извор: АМСМ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука