Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Два популарни пијалоци се штетни за здравјето на мозокот

Охрид, 28. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Одржувањето на оптимално здравје на мозокот е од клучно значење за зачувување на меморијата, когнитивните функции и целокупната ментална благосостојба. Еден од најважните фактори што треба да се земе предвид кога станува збор за здравјето на мозокот е исхраната.

Додека многу луѓе се фокусираат на храна која го поддржува здравјето на мозокот, исто толку е важно да се земе предвид влијанието на она што го пиеме. Нашиот секојдневен избор на пијалок, може да го поттикне нашиот мозок или да придонесе за когнитивно опаѓање. Невронаучникот д-р Robert Love, експерт за превенција од Алцхајмерова болест, неодамна истакна два популарни, навидум здрави пијалоци кои всушност можат да бидат штетни за нашиот мозок.

Црвено вино

– Навистина ми е жал за ова, бидејќи и самиот навистина уживав во него, но првиот пијалок е црвеното вино. Иако има придобивки за здравјето на срцето поради неговата содржина на антиоксиданси, неговите ефекти врз мозокот се понеповолни. Црвеното вино е вкусно, а имаше и студии кои покажаа дека е добро за здравјето на срцето. Сепак, истражувањата за мозокот се сосема јасни: виното и алкохолот им штетат на цревните бактерии, црниот дроб и ја зголемуваат шансата за воспаление, забележува неврологот Д-р Love.

Консумацијата на алкохол може да го наруши здравјето на цревата, што е поврзано со функцијата на мозокот и да доведе до воспаление низ целото тело. Покрај тоа, го нарушува спиењето и меморијата, два клучни фактори за одржување на когнитивното здравје. Д-р Love советува умереност за оние кои сепак ќе одлучат да пијат алкохол.

– Обидете се да ја ограничите количината на вино што го пиете на една или две ноќи неделно и не повеќе од една или две чаши навечер, дециден е Д-р Love.

Спортски пијалоци

Друг пијалок по кој посегнуваат многу луѓе кои се свесни за здравјето се спортските пијалоци. Експертот ги истакнува скриените опасности што ги носат овие пијалоци.

– Спортските пијалоци се или богати со шеќер или богати со вештачки шеќери, што и двете ги прави лоши за вашиот мозок. Високиот внес на шеќер е поврзан со низа здравствени проблеми, вклучувајќи дебелина и дијабетес тип 2, што пак може да влијае на здравјето на мозокот. Вештачките засладувачи, иако немаат калории, се поврзани со негативни ефекти врз когнитивната функција и здравјето на цревата, вели Д-р Love.

Наместо спортски пијалоци, тој препорачува хидратација со алтернативи кои обезбедуваат електролити без штетни адитиви и тврди дека обичната вода е најдобриот избор. (Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука