ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

ЦУК: Пожарот на Илинска планина е под контрола, на терен е екипа од четири лица која врши проверка и обиколка

Скопје/Охрид, 28. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат за вкупно 23 пожари во последното деноноќие на отворен простор, од кои три се уште се активни, еден е под контрола, а 19 се изгаснати.

Пожарот кај селото Плаќе на Илинска планина, каде што беше опожарена рудина и сува трева зафаќаше предел од три општини (Охрид-Ресен-Демир Хисар). Пожарот е под контрола, а на места од ветерот повторно има избувнато пламен. На терен е екипа од 4 лица од ЈП „Национални шуми“, подружница „Галичица“ која врши проверка и обиколка и го држат пожарот под контрола.

На пожарот на Илинска Планина, што започна во утринските часови на 26-ти јули 2024 година, се интервенираше во текот на целиот ден, а вчера во 12:00 часот беше добиена информација од терен од вработените на ЈП НШ подружница „Бигла“ од Демир Хисар дека во утринските часови пожарот е ставен под контрола односно истиот е изгаснат и на одредени места се гледа слаб чад.

Екипата од ТППЕ Демир Хисар во 11:30 часот била повлечена од терен. На терен останале 12 вработени од ЈП НШ подружница „Бигла“ од Демир Хисар кои го контролирале опожареното подрачје до 19:00 часот.

Во текот на денешниот ден екипа од ЈП НШ подружница Бигла од Демир Хисар повторно ќе изврши контрола на терен за да не дојде до повторно активирање односно препалување на пожарот. (Крај)

извор: ЦУК фото: ТППЕ Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука