Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Се зборува на Facebook: За автопатот Кичево-Охрид лани биле потрошени околу 65 милиони евра, 18 милиони повеќе од 2022 година

Охрид, 7. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Информацијата дека за автопатот Кичево-Охрид лани биле потрошени околу 65 милиони евра, 18 милиони повеќе од 2022 година е помеѓу најкоментираните деновиве на Facebook профилот на OhridPress.

Податоците се дел од годишниот извештај за работата на „Државни патишта“ за минатата година. Една деценија по почетокот на работите, автопатот Охрид-Кичево и понатаму не е готов и останува една од топ-темите на жителите на овој дел на државата.


Читателите на OhridPress се револтирани од брзината со која се одвиваат работите и потсетуваат на огромните средства кои се потрошени. Прашуваат кој ќе сноси одговорност и ќе ги врати вишоците на исплатени пари и бараат да се изнајде максимално брзо решение и конечно да заврши изградбата на овој патен правец, на кој годиниве наназад е зголемен за неколку пати бројот на соообраќајни незгоди, од кои дел и со трагични последици. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука